Документарната серија на Џејда Пинкет Смит, „Кралицата Клеопатра“, која се прикажува на Нетфликс, има оцена 1 на IMDB. На оваа страница гласале повеќе од 67 илјади луѓе.
Повеќе од 95 отсто од корисниците ѝ дадоа чиста оцена 1 на серијата, додека мал дел од гледачите на „Кралицата Клеопатра“, која ја прикажува владетелката како црнкиња за потребите на Нетфликс, и дале само малку повисока оценка, а дел од публиката ја оцени серијата и со помалку од 1.
На веб-страницата Rotten Tomatoes, гледачите ја оценија со само 2 отсто. Критичарите ѝ дадоа оценка од 10 проценти.
Многу Египќани изразија незадоволство од креативната одлука на Нетфликс. Еден од нив е адвокатот Махмуд ал Семари, кој серијата ја нарече криминал и покрена тужба против Нетфликс со цел да го запре стриминг сервисот во Египет, пишува Egypt Independent. Ал Семари тврди дека серијата промовира афроцентризам кој го брише египетскиот идентитет.