Навики кои го чуваат младешкиот изглед: Едноставни се за примена

popara24 мај, 20231min00
f4842264509d0a2eac8a4b8e17272c59d461e7bb

Гените можеби се одговорни за многу работи во нашиот изглед, а една од нив е (нормалниот) процес на стареење на кожата, но тие не се единствените.

ДНК одредува кога и колку брзо нашата кожа ќе почне да старее, но условите во кои растеме може да играат исто толку голема улога. Накратко, начинот на живот, исхраната и грижата можат да го променат „пропишаниот“ тек на стареење и привремено да ги одложат ефектите на времето.

Во секој случај, постојат некои навики кои навистина можат да го променат изгледот на вашата кожа и да ве одржат млади и свежи, без разлика колку години имате.

Правилна нега на кожата

Не мора да ja купувате секоја крема што ќе ја видите на реклама или ќе ви препорача пријателка, ниту пак треба да платите многу пари за некој производ затоа што мислите дека само скапа крема може да биде ефективна. Вистина е дека скапите производи не се нужно подобри. Инвестирајте ги вашето време и пари мудро и посетете го вашиот дерматолог, кој е единствениот кој може да процени што ви треба. Тој ќе препорача само креми и серуми кои се насочени кон вашите лични потреби, што пак значи дека нема да ја затнете кожата со илјадници слоеви производи.

Избегнувајте го сонцето                       

Веќе илјада пати кажавме: сонцето, а поконкретно УВА зрачењето, исто така е одговорно за стареење дури и на многу рана возраст. Затоа, не е изненадување што дури и девојките во дваесеттите имаат брчки и флеки кои произлегуваат од прекумерното изложување на сонце без заштита.

Не занемарувајте го чистењето

Ниту една крема протв брчки или хидратантна крема, дури и најдобрата од сите, нема да делува ако кожата не е чиста. Накратко, корисните состојки во кремот нема да делуваат ако површината на вашата кожа е полна со нечистотија, остатоци од шминка и мртви клетки. Затоа е многу важно двојното отстранување на шминката, чистењето секое утро и/или вечер и пилинг.

Бидете внимателни со шминката

Познато е дека тешката шминка веднаш прави лицето да изгледа уморно и постаро. Затоа избегнувајте многу слоеви пудра, интензивни кармини и многу сенки или сите заедно. Нагласете ги само усните или очите и изберете производи со мазна текстура кои нема да ги нагласат брчките.

Веѓи

Тенките веѓи имаат тенденција да му дадат сериозен израз на лицето. Грижете се за нивната форма и претпочитајте да ги оставите да растат, следејќи го трендот кој сака веѓите да изгледаат природно и малку неправилно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag