Мажите на TikTok конечно сфатија – тесните фармерки повеќе не се во мода. Генерацијата Z веќе го „осуди“ носењето тесен тексас за жените, а сега и мажите го следат примерот со замена на тесни фармерки за широки панталони, на задоволството на сите.
Во најновиот тренд на TikTok, мажите ги покажуваат своите стилски трансформации откако целосно ги отфрлија тесните фармерки.
Креаторот на содржината Марко Коради откри како му се подобрило чувството за мода откако се одлучил за широки панталони, карго панталони и опуштен тексас. Сега носи панталони во земјени тонови и светол тексас, во комбинација со бели маици, џемпери во неутрална нијанса и опуштени кошули.
Клипот доби повеќе од 22 милиони прегледи, а илјадници гледачи ја пофалија неговата стилска еволуција.
– Оваа трансформација им е потребна на сите мажи – коментира еден корисник, кој собра повеќе од 96.000 лајкови.
@mmcorradi It’s been a while 🤝🏼 #aestheticoutfit #fashiontiktok #menoutfit #menstyle #fashioninspo #outfitinspo #menstyleinspo
– Совети за момците: ве молам не носете тесни фармерки – рече друго лице.
– Не разбирам зошто тесните фармерки се популарни толку долго што одеднаш се лоша работа, напиша друг, додека некои сугерираат дека стилот на Коради сега е безвременски.
Една жена дури го сподели напредокот во облекувањето на нејзиното момче, земајќи ја заслугата како негов личен стилист. Гледачите и пишувале дека „менува животи“.
@nataliezacek this trend made me realize i need to take more videos of josh hahah🤌🏼🫶🏼 #fitcheck #outfitinspo #couple #relationship
Оваа импровизирана трансформација е ода на трендовите кои се враќаат: лежерни кошули со широк долен дел, добри патики, џемпери со V-деколте.
Младата генерација Z пред две години ги прогласи тесните фармерки за надвор од мода. Но, извршниот директор на Левис, Чип Берг, изјави за Инсајдер во јануари дека тесните фармерки, иако сега наводно не се повеќе популарни, никогаш нема да излезат од мода.
– Тесните фармерки нема да одат никаде во скоро време – изјави тогаш Берг.