Како да ослабете со помош на пешачење? Обрнете внимание на три важни правила

popara25 мај, 20231min00
676

За да се ослободите од вишокот килограми, не е неопходно да се подложите на тешки тренинзи и да поминувате часови во теретана

Многу е поедноставно да го активирате вашето тело со пешачење, а овие совети ќе ви помогнат да направите едноставна фитнес програма која ќе донесе резултати и послаба фигура.

За почеток, почнете да водите белешки за дневно поминатото растојание. За мерење, доволна е апликација на телефонот или фитнес лента што ќе ја носите околу раката. Нормално е да одите околу 10.000 чекори во текот на денот, со умерено движење, а доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, се советува дневна „доза“ од 15.000 чекори.

Најдобро би било да имате од 45 до 60 минути дневно за пешачење, но не во едно „парче“. Наместо една долга, подобро е да организирате три пократки прошетки. Според фитнес експертите, на овој начин многу поефикасно може да се намали шеќерот во крвта.

Погрижете се да пешачите по угорница барем еден дел од патеката. Така, повеќе мускули се ангажирани, брзината на метаблизмот се зголемува. Слободно одете малку побавно и малку наведнете се напред за да ги заштитите мускулите и тетивите.

Пред прошетката, можете да испиете шолја зелен чај кој помага при слабеење. Ја стимулира термогенезата и ги топи масните наслаги. Одличната пропорција на кофеин и катехин во овој пијалок го забрзува метаболизмот на мастите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag