Дека плисираните фустани се тренд за пролет 2023 сведочи и стајлингот на актерката.
Кралицата на минимализмот, актерката Анџелина Џоли, повторно успеа да ги воодушеви сите со модна комбинација која е толку едноставна, а сепак впечатлива во исто време.
Познатата актерка беше фотографирана од папараците додека пазаруваше во Њујорк, а освен што ја покажа новата посветла боја на коса, неодоливиот плисиран бел фустан само го дополни нејзиниот модерен и стилски изглед.
Плисираните здолништа и фустаните се вратија во мода, а Анџелина својот изглед го комплетираше со голема чанта, кошула со посебен вез и сандали со рамна платформа – комбинација која на најелегантен начин ги спојува лежерноста и актуелните трендови.
Ваквите макси фустани се идеални за топло време, особено сега кога температурата ќе достигне над 25 степени, а особено ги сакаат деловните жени над 40 години.