Ринглите на шпоретот мора редовно да се чистат, што понекогаш може да биде многу заморно. Со овој трик чистењето ќе биде многу полесно
Сепак, секоја домаќинка знае дека се можни различни ситуации во кои немаме време да ја исчистиме кујната, а уште помалку да го чистиме шпоретот. И така, од ден на ден, масните дамки околу ринглата или на рамната плоча остануваат сè потврдокорни.
Имено, сите средства за чистење имаат еден недостаток – треба да се остават да делуваат некое време, но доколку се исушат и „пресушат“, тогаш ќе мора уште посилно да триете за да го отстраните слојот од нечистотија. Затоа тенка, леплива фолија ви доаѓа на помош.
Нанесете го средството за чистење на рерната во дебел слој, па веднаш ставете ја фолијата преку плочата, залепете ја преку влажната површина и оставете го средството да делува – од неколку часа до 24 часа. Потоа извадете ја фолијата, со жица истријте ја површината и избришете со влажна крпа – наслагите ќе исчезнат како да ги однело магично стапче.