Филмскиот фестивал во Кан е во полн ек и холивудските ѕвезди за кратко се преселија на француската ривиера. Покрај неверојатните кинематографски успеси, во овие неколку дена имавме можност да го видиме и беспрекорниот стајлинг на познатите дами.
Иако синоќа многу дами се потрудија да ги воодушеват присутните со своите аутфити, две посебно се истакнаа.
Тоа се Хајди Клум и Алесандра Амбросио. Не е чудно што овие две дами ги украдоа сите симпатии на публиката, бидејќи и двете знаат што значи стил и тренд.
Хајди се одлучи за мини фустан во нане боја украсен со пердуви. Од долниот дел на фустанот и од ракавите се забележуваат пердуви кои се влечат по подот, а со тоа и додала допир на елеганција и гламур.
За разлика од Хајди, Алесандра Амбросио се одлучи за елегантен проѕирен фустан украсен со циркони и бисери.
Длабокото деколте, шлицот и велот кој се влече направи Алесандра да изгледа неверојатно.
Исто како Хајди, Алесандра реши да додаде малку гламур на себе, па на двете раце стави бели пердуви.