ОВА ГО ПРАВИ ПРАВИ МАЖ ЗАЉУБЕН „ДО УШИ“

popara25 мај, 20241min00
Screenshot_4

Понекогаш не е лесно да се одреди колку некој ви се допаѓа, особено ако сме само на почетокот на врската. Можеби не е време за сериозен, „голем“ разговор за чувствата, па затоа се потпираме на сигнали со кои некој ни покажува заљубеност.

 

 

 

Еве пет неочекувани сигнали за заљубеност кај мажите!

 

Не брзаат

Честопати се мисли дека „брзањето“ во љубов е првиот знак за заљубување, бидејќи партнерите едвај чекаат да се видат, или да се бакнат, или се што оди потоа … Но, човек кој навистина се заљубил понекогаш ќе биде срамежлив, успорен, бидејќи неговиот страв од нешто што се расипува е поголем од неговата желба се да оди брзо.

 

Несмасен е

Ако вашиот нов партнер е потполно „кул“, мирен, шармантен пред сите други луѓе, а кога вие двајца сте таму, тој одеднаш е несмасен, заплеткан и зашеметен, тоа е знак дека му се допаѓате многу повеќе отколку што би помислиле!

 

Секогаш се однесува исто

Друг знак на заљубеност што произлегува од несигурноста е повторувањето на одредени модели на однесување. Психолозите објаснуваат дека луѓето на почетокот на врската имаат тенденција да повторуваат одредени реченици или дејствија, бидејќи ги сметаат за веќе воспоставен „рецепт“ кој функционира и на тој начин ја маскираат непријатноста при напуштање на зоната на удобност.

 

Станува „огледало“

Обрнете внимание на неговите движења – ако седите еден спроти друг, ја потпирате главата на десната рака, дали тој е како вашата слика во огледало? Ги прекрстивте нозете, дали и тој ги прекрсти? Несвесно имитирање на движењата на друго лице е сигурен знак дека ни се допаѓа.

 

Не ветува кули и градови

Луѓето кои само сакаат нешто „набрзина“ или незадолжителна романса, се многу повеќе склони да ветуваат кули и градови, да прават грандиозни планови, само за да ја постигнат својата цел. Но, човек кој е навистина заљубен не го прави тоа. Тој ќе се фокусира на едноставни, мали нешта и ќе се погрижи секогаш да исполни договор или ветување, бидејќи знае дека на тој начин гради доверба, што ќе биде основа на врската.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag