ОВИЕ ГРЕШКИ ВАШАТА КОЖА НАЈСКАПО ГИ ПЛАЌА: Комбинирање премногу препарати и немање СПФ заштита се на врвот

popara27 мај, 20231min00
koza-0461991632-2-

Понекогаш не сме ни свесни дека со одредени чекори за убавина, невнимание или мрзеливост си ја расипуваме кожата, наштетувајќи и на нејзиниот изглед и здравје. Еве на што треба да обрнете посебно внимание сега кога есента е веднаш зад аголот.

1. Комбинирате премногу препарати

Дали сте слаби на козметика и сакате да пробувате нови производи, па затоа вашиот кабинет во бањата е полн со серуми, креми и пилинг од различни брендови? Имајте на ум дека комбинацијата на некои активни состојки може да предизвика иритација и алергии, но и сериозно да ја оштети структурата на вашата кожа – на пример, да доведе до воспаление поради прекумерна ексфолијација. Помалку е повеќе, не само кога станува збор за шминка, туку и за нега на кожата!

2. Не користите крема со заштитен фактор

Без разлика дали ги чувствуваме на кожа или не, сончевите зраци и тоа како влијаат на изгледот и стареењето на кожата на лицето. Затоа, изберете крема со заштитен фактор, по можност со богата текстура и хидратантна, која ќе ја користите како основа за шминка.

3. Уживате во долги топли бањи

Кога надвор е сиво и дождливо, нема ништо подобро од полна бања, миризлива свеќа и добра музика. Сепак, вашата кожа не ужива во овој ритуал колку вие. Имено, изложувањето на кожата на висока температура, особено кога станува збор за чувствителна кожа, е штетно бидејќи топлата вода ги отстранува природните масла и заштитниот слој.

4. Претерувате со пилинг

Отстранувањето на мртвите клетки кои ја прават кожата сива и безживотна е корисно, но прекумерната ексфолијација може да предизвика зголемена работа на лојните жлезди (природен одбранбен механизам) и – ефект на мрсна кожа.

5. Заборавате да ја смените навлаката за перница

Нечистотијата од кожата и косата останува на навлаката за перница, а може да влијае и да биде причина за развој на инфекција, па затоа се препорачува да се менуваат еднаш неделно – се препорачува да се користат свилени. Имено, триењето кое се случува во текот на ноќта помеѓу кожата и навлаката го уништува и крши колагенот, поради што се појавуваат брчки, па навлакара треба да биде што понежна кон лицето.

6. Не ја одржувате хигиената на четкичките за шминка правилно

Мора да имате рутина за миење четки, двапати неделно, како што е препорачано. Измијте ги со благ сапун и вода, а потоа исушете ги со фен. Никогаш не ги оставајте влажни во бањата, бидејќи тоа ќе привлече бактерии кои потоа ненамерно ќе ги нанесете на вашата кожа и ќе предизвикате воспаление.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag