
RnB ѕвездата Бијонсе синоќа одржа концерт во Париз во рамките на својата турнеја, кога на својата публика и приреди изненадување.
Додека таа пееше еден од нејзините хитови, на сцената излезе нејзината ќерка Блу Ајви (11), а публиката едногласно врескаше.
Малото девојче почна да танцува со танчерите и нејзината мајка, сосема опуштено како да е родено на сцената.
BEYONCÉ BROUGHT OUT BLUE IVY OMFG ICONIC😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/dgX4Jt10yg
— 𝗱𝗮𝗻𝗻𝘆🫧💚 (@beyoncegarden) May 26, 2023
Инаку, Блу Ајви носеше сребрен костим, сличен на оној што го носеше Бијонсе.
Ова видео стана вирално на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека девојчето ќе биде поголема ѕвезда од нејзината мајка.