
Состојки:
200 гр палента
200 мл млеко
50 гр пармезан сирење
700 мл вода
2 лажици путер
1 лажичка сол
Подготовка:
Во тенџере истурете вода и млеко, посолете и оставете да зоврие. Во врелата вода постепено додавајте ја палентата со постојано мешање. Намалете ја топлината, почекајте да испари водата и да се згусне палентата, постојано мешајќи. Тргнете го од оган и измешајте ги путерот и пармезанот.