Навики кои треба да ги воведеме пред спиење за подобар сон: Некои ќе ве изненадат

popara9 мај, 20241min00
Screenshot_5

Секојдневните грижи, динамичниот живот и работните ноќи ви го кратат сонот. Ако често имате несоница или се чувствувате уморни иако спиете доволно, прочитајте ги овие 5 навики кои со сигурност ќе ви обезбедат енергија во текот на целиот ден.

 

 

 

  1. Легнувајте си секоја ноќ во исто време

 

Тоа секогаш не е можно, но трудете се преку работната недела да легнувате во исто време навечер. На тој начин го тренирате вашиот мозок кога е време за спиење.

 

  1. Станувајте во исто време секое утро

 

Дури и за викендите станувајте во исто време како во текот на работната недела. Времето за спиење наутро не го продолжувајте повеќе од половина час. Така ќе си создадете рутина.

 

  1. Креветот служи за спиење и за секс

 

Заборавете на читање книги, гледање телевизија и играње игри на мобилен додека лежите во креветот. Тој служи за две работи – спиење и секс.

 

  1. Ако не можете да заспиете, станете од креветот

 

Ако повеќе од 20 минути се трудите да заспиете, станете од креветот и правете некоја друга активност. Прошетајте, читајте книга или напијте се чаша млеко.

 

  1. Планирајте однапред

 

Знаете во колку часот ќе легнувате, па заборавете на кофеинот час претходно. Внимавајте кога вежбате, пиете алкохол или палите последна цигара, бидејќи овие три работи го отежнуваат вашиот сон и ве чуваат будни низ ноќта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag