Селена Гомез објави фотографија на која, според тврдењата на корисниците на социјалните мрежи, се гледаат линии од кокаин во заднината, а спорната фотографија беше отстранета од нејзиниот профил „со брзина на светлината“.
Пејачката е една од познатите личности кои присуствуваа на концертот на музичката сензација Бијонсе. Поранешната тинејџерска ѕвезда е во Париз, а непосредно пред концертот објави фотографија од зад сцената, која предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.
Имено, на предметната фотографија Гомез позира во друштво на пријателката, но она за што денес сите зборуваат е сликата на масата зад нив, за која многумина се сомневаат дека е кокаин.
Погледнете: