Пристигна новиот, трет трејлер за филмот „Barbie“ кој во кината ќе пристигне на 20 јули. Последниот трејлер за најзабавниот филм за ова лето дава увид во нејзиниот розов свет како никогаш досега. Овој пат дознаваме дека Барби всушност поминува низ целосна криза поради прашањето „Мислиш ли за смртта?“, а за да најде одговори од совршениот свет на Барби, таа оди во реалноста, да го испроба животот со вистински луѓе и Кен ја следи на патот. Секако дека ги очекуваат многу авантури и тешкотии, а филмот привлече дополнително внимание бидејќи во главните улоги се познатите актери Маргот Роби и Рајан Гослинг.
Режисер на филмот Barbie е Грета Гервиг, сценариото го напишала заедно со Ноа Баумбах. Филмот е заснован на куклата и ликот на Мател, Барби, а веќе привлече големо внимание поради интересниот саундтрак во кој меѓу другото ќе биде вклучена и песна на популарната пејачка Дуа Липа.