Нозете постојано ви отекуваат, а стомакот ви е надуен: Дефинитивно имате вишок вода во oрганизмот, еве како да се ослободите од неа

popara31 мај, 20231min00
17802_shutterstock-1683296803_f

Ви носиме совети како да се ослободите од вишокот вода во нозете и стомакот.

Прекумерното задржување на водата во организмот се јавува и поради брзиот начин на живот, нередовната и неправилна исхрана. Отечени нозе и зглобови, вишок килограми и поспаност се само дел од симптомите кои укажуваат на овој проблем.

Како да ја исфрлите водата од вашите стапала

Пред сè, треба да се напомене дека тешката храна – многу зачинета, мрсна и сува – создава здравствени проблеми кои подоцна се рефлектираат на одредени делови од телото. Во тој поглед, вишокот вода што се „собира“ во нозете е еден дел од тие проблеми, а нередовната физичка активност уште повеќе ја зголемува сериозноста на почетниот проблем. Како да ја исфрлите водата од стапалата е прашање кое многумина ги мачи, а одговорите се различни.

Различни чаеви, како зелениот чај, чајот од магдонос, чајот од глуварче можат да помогнат во исфрлањето на водата од нозете, но и секојдневната физичка активност од половина час е многу корисна. Исто така, регулирањето на исхраната многу помага во исфрлањето на водата, што значи дека нездравите масти, кои доаѓаат од преработената индустриска храна, треба да се сведат на минимум.

Noge su vam stalno otečene, a stomak naduven: Definitivno imate višak vode u telu, evo kako da izbacite

Како да ја исфрлите водата од стомакот?

Процесот на исфрлање на водата од стомакот може да се направи и по природен пат. Разните чаеви, редовната исхрана и физичката активност се најдобри за исфрлање на водата од стомакот.

Така, физичката активност, исфрлањето на преработената храна од менито, консумирањето храна богата со калиум и магнезиум, ограничениот внес на јаглени хидрати и многу течности ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот вода во стомакот.

Noge su vam stalno otečene, a stomak naduven: Definitivno imate višak vode u telu, evo kako da izbacite

Магнезиум за исфрлање на течноста

Магнезиумот е електролит кој помага да се регулира балансот на течности во телото. Зелениот лиснат зеленчук, авокадото, бадемите и гравот се одлични извори на овој минерал.

Намирници кои промовираат исфрлање на водата од телото

За да го намалите нивото на натриум и да го зголемите нивото на калиум, најдобро е тоа да го правите преку вашата исхрана. Изберете овошје и зеленчук богати со калиум – зелка, кељ, зелена салата, спанаќ, магдонос и овошје – банани, кајсии, портокали, сливи.

Исто така, претерано солената храна ја задржува водата во организмот, па затоа треба да ја намалите количината на сол при подготовката на храната. Со конзумирање на природни диуретици, како кафето, на пример, водата се исфрла од телото.

Покрај горенаведените намирници, предлагаме да ги користите и следниве природни чаеви: чај од глуварче, црн и зелен чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag