Се лажете ако мислите дека знаете се за сексот

popara9 мај, 20241min00
Screenshot_6

Мажите имаат поголема потреба за секс

 

 

Мажите сакаат да остават впечаток кај жените дека се подготвени за секс 24/7. Но вистината е дека и тие, исто како и жените имаат моменти кога се повеќе или помалку желни за секс, кога нивното либидо е намалено. И на нивните сексуални желби влијаат стресот, уморот, секојдневните проблеми… Ова докажува дека и едните и другите имаат исти потреби за секс.

 

Со годините ја губи важноста

Сексот влијае врз психичкото и емоционалното здравје од моментот кога една личност ќе стане сексуално активна, па дури и во староста. Се смета дека либидото во поодминати години опаѓа, но тоа е резултат на депресија, здравствени проблеми, загуба на партнерот…

 

За одличен секс не треба да се трудите

Време е да се соочиме со најголемата лага што ја гледаме на филмовите – кога една двојка ќе се запознае и кога помеѓу нив ќе заискри тогаш се очекува нивниот секс да биде фантастичен. Но во реалноста работите не функционираат баш така. Со личноста која штотуку сте ја запознале не добивате и упатство за употреба. Во она што уживал вашиот бивш партнер, не значи дека ќе ужива и сегашниот. Добрата комуникација е клуч за добар секс, но потребни се и волја и труд за една двојка да ги доведе во складност сексуалните потреби. На тој начин сексот би претставувал задоволство и за двајцата партнери.

 

Големината на машкиот полов орган е важна

Мажите најчесто се преокупирани со должината на својот полов орган, а многу истражувања покажале дека за женското задоволство е поважна дебелината. Исто така, докажано е дека 75 проценти од жените доживуваат оргазам при орален секс, а само 25 проценти за време на пенетрација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag