На сите им се случило барем еднаш кога ќе го отворат фрижидерот да почувствуваат непријатна миризба која може да е резултат на застоена или расипана храна која сме заборавиле да ја фрлиме на време.
Понекогаш се случува и по темелно чистење да не можеме да се ослободиме од непријатниот мирис, па затоа денес ви претставуваме 5 едноставни и евтини трикови кои ќе го спречат ширењето на мирисот и ќе го отстранат:
Оцет
Измешајте оцет со малку вода и добро истријте ја внатрешноста на фрижидерот, па оставете малку да се проветри.
Зрна кафе
Распоредете ги зрната кафе на полиците во фрижидер и по кратко време непријатниот мирис целосно ќе исчезне.
Сода бикарбона
Сода бикарбоната е позната како природен препарат кој може да помогне во многу ситуации.
Измешајте сода бикарбона со вода, а потоа натопете крпа во оваа смеса и избришете ја внатрешноста на фрижидерот.
Лимон
Лимонот исечете го на половина и со него истријте ги сите делови во фрижидерот. Ќе видите дека непријатните мириси ќе исчезнат за миг.
Екстракт од ванила
На памук ставете неколку капки екстракт од ванила и ставете го во фрижидер, оставете да отстои неколку дена и фрлете го.
Освен што ќе ги отстрани непријатните мириси, ќе направи вашиот фрижидер да мириса убаво секогаш кога ќе го отворите.