Кјара Ферањи моментално има над 29 милиони следбеници на Инстаграм и дефинитивно е на врвот на најуспешните модни блогерки
Дизајнерката и инфлуенсерка успеа своето хоби да го претвори во бизнис, а поради богатото искуство го привлече вниманието на академската заедница која сега го користи нејзиниот пример во анализите за деловни успеси на познатиот универзитет Харвард.
Интересно е што Кјара претпочита различни стилови, па можеме да ја видиме во различни модни комбинации – од оние кои одговараат на многу млади девојки, до луксузните од кои не би се срамела ниту Кејт Мидлтон.
Моментално често ја гледаме во кратки здолништа и маички кои го откриваат нејзиниот стомак, а интересно е што сега ја видовме во сомотска комбинација.
Со оглед на тоа дека сè што ќе облече автоматски станува хит, немојте да се чудите ако наскоро го забележите овој тренд на улиците во Скопје.