Експертите за исхрана советуваат дека е важно да се вклучат протеини во исхраната
Според нутриционистите, диетата со висока содржина на протеини е многу ефикасна бидејќи го зголемува чувството на ситост, а со тоа го намалува вкупниот внес на калории, а со тоа истовремено ја одржува чистата телесна маса.
Тие објаснуваат дека 25-30% од дневните калории треба да потекнуваат од извори на протеини, а препорачуваат и храна која треба да ја вклучите во секојдневната исхрана доколку сакате да ослабете.
Јајца
Едно јајце има шест грама протеини и тие се сметаат за „најдобар високопротеински појадок за губење маснотии“.
„Без разлика дали вашата цел е да ја зголемите мускулната маса, што исто така го забрзува метаболизмот, или само да согорувате масти, јајцата треба да бидат главен дел од вашата исхрана“, објасни диететичарката Џенет Кимсал.
Грчки јогурт
„Уште една добра опција за појадок е грчкиот јогурт, бидејќи овој млечен производ има малку јаглехидрати, а е богат со протеини“, вели диететичарката Бренда Пералта.
Тоа е исто така одлична закуска, бидејќи една шолја грчки јогурт обезбедува 15-20 грама протеини. Искомбинирајте го со гранола, бобинки или чиа семе за хранлива ужина.
Пилешко
„Посното месо, вклучително и пилешкото, мисиркиното и рибата, се одлични опции за внес на протеини, бидејќи повеќето од калориите во посното месо доаѓаат директно од протеините“, објасни Алисон Харис, 100 гр пилешки гради содржат околу 31 грам протеин, со само 165 калории.
Лосос
Слично на пилешкото, лососот нуди голема количина на протеини и е преполн со здрави масти.
Хедер Хенкс, регистриран диететичар, вели дека масните риби како лососот се „одличен извор на омега-3 масни киселини и витамин Д“, кои „помагаат за намалување на воспалението, го регулираат имунитетот и го поддржуваат варењето“, а сето тоа може да помогне во губење на тежината.
Таа препорачува да пробате салата од лосос со зеленчук со малку јаглехидрати за ручек за да се поттикне чувство на ситост, да се зголеми нивото на енергија и да се подобри варењето.