Дали треба СЕКОЈ ДЕН да се има СЕКС? Еве што велат експертите и кога е подобро да го ПРЕСКОКНЕТЕ!

popara2 јуни, 20231min00
676

Многу парови го поставуваат ова прашање во некоја фаза од нивната врска, особено кога им се чини дека луѓето околу нив немаат толку голема желба за секс и поретко имаат односи.

Секако, не постои единствен одговор за сите, бидејќи тоа првенствено зависи од сексуалниот апетит и желба на секој човек поединечно, но треба да знаете дека апсолутно нема ризик да го правите тоа секој ден, пишува „Entertainment Times“.

Сексуалниот однос е сам по себе здрав дел од животот и не треба премногу да си ги „трескаме главите“ за тоа кога и колку треба да го практикуваме, се додека партнерите меѓусебно се договараат за тоа. Меѓутоа, одговорот на тоа прашање е првенствено поврзан со тоа во каков однос сте, односно колку партнери се вклучени во тие односи, како и дали ги почитуваат правилата поврзани со намалување на ризикот од пренесување инфекции.

Имено, доколку сте во слободна врска во која двајцата партнери имаат односи со други луѓе, можеби со неколку, тогаш постои поголем ризик од заразни болести или несакана бременост, што може да биде пречка да се чувствувате безбедно во сексуалниот однос.

Постојат многу причини зошто треба да имаме секс секој ден. Редовниот секс го зголемува нивото на хормони поврзани со доброто расположение и го намалува нивото на хормони поврзани со стресот и анксиозноста. Редовниот секс ни помага да спиеме подобро, но и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа, за време на сексот се ослободуваат и хормони кои го зајакнуваат имунитетот. Постојат студии кои докажале дека луѓето кои имаат секс повеќе од два пати неделно имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

– Наместо штета, сексот позитивно влијае на вашето срце. Студиите сугерираат дека мажите кои имаат секс најмалку два пати неделно и жените кои изразуваат задоволство од својот сексуален живот имаат помал ризик од срцев удар, велат експертите од Универзитетот Џон Хопкинс.

Иако сексот се смета за одлична физичка вежба која влијае и на подвижноста, сепак постојат некои индикации кога треба да размислите дали претерувате. Имено, ако чувствувате болка во градите, ако тешко дишете или ако имате проблеми со неправилно чукање на срцето и симптоми на дигестивни проблеми, треба да престанете со сексот. Едноставно, немојте да имате секс доколку не се чувствувате добро, бидејќи споменатите симптоми може да бидат знак дека не сте му дале доволно време на телото да се опорави.

А и на воспалената кожа околу гениталиите и треба време да се опорави пред повторно да и се препуштите на страста, а одморот од сексуалниот однос особено се препорачува доколку имате уринарна инфекција, особено ако таа често се повторува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag