Малку ориз, млеко, кокосово брашно, мед и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да го направите ова одлично уживање.
Доколку сте љубител на ориз, овој рецепт е вистинскиот избор за вас.
СОСТОЈКИ:
чаша ориз
чаша и пол млеко
400 мл кокосово млеко
чаша слатка павлака
половина шолја кокосово брашно
две лажици мед
малку цимет
ПОДГОТОВКА:
Оризот, обичното и кокосовото млеко истурете ги во тенџере со дебело дно, па мешајте на силен оган додека не почне да врие. Намалете ја топлината, покријте и варете нежно 15 минути, повремено мешајќи. Потоа додадете слатката павлака и мед, мешајте уште 15 минути, посипете со цимет и рендан кокос, па послужете.