Ако не сте сигурни каде оди вашата врска и дали е време за заеднички живот, можете лесно да проверите.
Желбата да ја подигнете врската на следното ниво и да започнете заеднички живот е голем тест и многу важен чекор.
За една ваква голема одлука мора добро да размислите, велат експертите.
– Прераното вселувањето дефинитивно може да создаде повеќе конфликти и тензии во врската. Кога живеете со некого, се менува динамиката на врската – објаснува Неха Прабу, брачен и семеен терапевт.
Постојат неколку фактори кои треба да се земат предвид пред да започнете да живеете заедно.
Размислете пред се за финансиите. Важно е да се види дали заедничкиот живот е финансиски возможен. За финансиите треба отворено да се разговара. Значи – за трошоците што ќе ги имате, за финансиските приливи и инвестиции, кредити…
Следно, бидете искрени со себе за мотивацијата. Запрашајте се дали чувствата се доволно силни и дали сте доволно мотивирани да започнете да живеете заедно.
Ако ги немате истите мотиви, можеби треба да го одложите започнувањето на заедничкиот живот.
– Се случува едниот партнер да сака заеднички живот затоа што е поевтино отколку да се живее одвоено, додека другиот партнер го гледа заедничкото живеење како следен чекор кон бракот. Тоа е лошо за почеток на заедничкиот живот – вели брачната и семејната терапевтка Елизабет Ерншо.