Не очајувајте ако рецептот бара прашок за пециво, а го немате дома: Еве со што може да го замените

popara3 јуни, 20231min00
b4210ba2395c89c2ac5ecce76527f4d9286adbd1

Сода бикарбона и јогурт

Измешајте половина лажичка сода бикарбона и половина лажичка јогурт. Културите во јогуртот реагираат со сода бикарбона и создаваат гас неопходен за да нарасне тестото. Користете ја оваа замена само во рецепти кои содржат само суви состојки. Доколку е потребно, зголемете ја количината на суви состојки за да не ви биде многу течно тестото.

Сода бикарбона и сок од лимон

Измешајте еднакви количини сок од лимон и сода бикарбона. Киселината од сокот од лимон реагира со сода бикарбона, создавајќи ист ефект како прашокот за пециво. Сепак, внимавајте со количината на лимон бидејќи има силен вкус што се чувствува во храната.

Сода бикарбона и меласа

Измешајте 1/3 чаша меласа и 1/4 лажичка сода бикарбона. Со оглед на тоа што има специфичен вкус, оваа замена е идеална за специјалитети со посилен вкус, како печива со разни зачини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag