Рецепт за брачна среќа: Паровите кои ја прават оваа една работа имаат најдобар брак

popara3 јуни, 20231min00
676 (1)

Знаеме дека е тотално клише да се каже дека жените сакаат високи мажи (оние црните-високите-згодните им се омилени), на крајот на краиштата, за вкусовите не се дискутира, а љубовта не бира (докажано во милион случаи). Но, реално, колку парови знаете каде девојката е повисока од момчето – наспроти обратно?

Сега животот може да стане уште полош за ниските мажи, бидејќи според некои истражувања – високите мажи и ниските жени имаат најдобри и најдолги бракови. Секако дека има илјадници фактори кои се клучни за добар брак: довербата, комуникацијата, почитта и навиката да се спушти даската во тоалетот се само некои од нив.

Научниците вклучиле повеќе од 8.000 субјекти во ова истражување и откриле корелација помеѓу висината на сопругот и нивото на среќа на жената. Колку повеќе сантиметри височина меѓу нив – толку жената е посреќна.

Но, зошто високите мажи општествено се сметаат за попожелни од ниските мажи? Сето тоа е поврзано со тоа како се однесуваме едни со други во друштво. Истражувањето открило дека високите мажи имаат повисоко ниво на самодоверба и самопочит, а со тоа изгледаат попривлечно. Дополнително, работодавците ги гледаат високите мажи како подоверливи и повешти, што значи дека заработуваат повеќе, што ги прави нивните сопруги посреќни. Се чини дека сето тоа се враќа во еволуцијата – уште во праисторијата, жените ги привлекувале највисоките, најсилните мажи бидејќи тие биле најдобри ловци. Тоа биле црни денови за ниските мажи – Том Круз сигурно немал да биде тоа што е денес.

Но, без оглед на сите истражувања и мислења на научниците, висината никогаш би требало да биде клучот за среќата и љубовта. Тоа е само физичка карактеристика и без разлика дали вашиот маж е низок или висок – она на што секоја жена треба да се фокусира е емотивната поврзаност со партнерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma