Некои тврдат дека не треба да одите на туѓа венчавка во црвен фустан, ќе се шокирате од причината

popara3 јуни, 20231min00
676 (2)

Некои тврдат дека црвената боја на облеката на свадба е несоодветна и може да донесе дури и лоша среќа. Темата беше дискутирана во подкастот „Unfiltered Bride“ на „TikTok“.

Водителките зборуваат за тоа кои бои се соодветни, а кои не, па во еден момент Бет ја праша Џорџи: „Има ли други бои освен белата што не треба да ги носите на свадба?“

– Да. Црвена. Се прашуваш „Зошто?“, епа црвената значи дека си спиела со младоженецот – рече Џорџи и веднаш додаде дека станува збор за “бабини деветини“ и дека верува дека одреден впечаток не зависи само од бојата, туку од моделот на фустанот.

Сепак, тие се согласија дека црвената не е боја за одење на свадба затоа што е премногу провокативна.

– Црвената може да се смета за прилично секси боја која привлекува внимание и навестува дека жената е малку палава, немирна – вели Бет.

Велат дека оваа боја го одвлекува вниманието од невестата, што не е во ред, но може да симболизира и нешто лошо. Некои веруваат дека црвено-белата ткаенина претставува крв и завој. Така, свадбата во црвено може да се протолкува како добредојде на смртта во вашиот брак, нагласија тие.

Нивниот подкаст стана вирален со над милион прегледи. Многумина останаа шокирани кога дознаа за темните суеверија зад боите на свадбените фустани.

„Мајка ми ми кажа дека забранетите бои за гостин на свадба се белата, црната, црвената и темносината, барем во Велика Британија“, напишал еден корисник.

Некој не се согласил со тоа и напишал: „Во некои култури во Америка, црвената боја симболизира среќа, радост и веселба“, пренесува „The Sun“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma