Жешката Емили неодамна ја откри својата желба да изгради кариера како комичарка
Емили Рајтаковски важи за една од најубавите манекенки во шоу-бизнисот, а покрај изгледот интригира и со љубовниот живот.
По разводот поради прељубата на бившиот сопруг, таа беше видена во друштво на неколку познати мажи, но ниту една од врските не опстана…
Иако моментално нема среќа во љубовта, таа не се оптеретува премногу, туку се фокусира на развојот на кариерата.
Манекенката (31) која не се плаши да го покаже своето извајано тело, овојпат излезе на улиците на Њујорк во проѕирен фустан со „Burberry“ принт, со чипка на рабовите, кој наликува на ноќница. Под фустанот се гледаше црната долна облека, а со целиот изглед носеше и пролетни чизми во каубојски стил.
Емили ја носеше долгата права кафена коса пуштена, а од додатоци имаше златни алки, ѓердан, црни очила и кафена чанта.
Освен што се проба во актерството, таа успешно угости и на некои познати личности во нејзиниот подкаст „Емрата“.
Неодамна изјави дека ја привлекува кариерата на стенд-ап комичака во иднина.