Музичарката со албанско потекло Бебе Реџа сподели фотографија од нејзиниот стомак на Твитер откако видела како луѓето го бараат нејзиното име со зборот „дебела“ и кратко и јасно им кажала „Јас сум во мојата дебела фаза, па што?
Бебе Реџа се огласи на Твитер за да сподели слики од екранот од пребарувањата кои го вклучуваат нејзиното име и зборот дебела. Покрај тоа, таа објави фотографија на која стои пред огледалото од бањата со крената кошула и го покажува стомакот.
Ова не е прв пат Реџа да се обрати кон оние кои ја мразат, во средината на април таа објави скриншот на Твитер на кој се гледа како луѓето бараат „тежината на Бебе Реџа“.
Yes I’m in my fat era and what? pic.twitter.com/d3T4od8JYE
— Bebe Rexha (@BebeRexha) June 2, 2023
„Гледањето на лентата за пребарување е толку вознемирувачко. Не сум лута затоа што тоа е вистината. Се здебелив. Но, едноставно е. Им благодарам на сите луѓе кои ме сакаат без разлика на се“, напиша таа тогаш.
Реџа неодамна зборуваше за тоа како влијае на неа кога другите зборуваат за нејзиното тело: „Видете, ние сме во очите на јавноста, па тоа сигурно ќе се случи. Но, треба да бидеме позитивни и само да им покажеме на луѓето љубов. Бев многу послаба и се здебелив. Не се лутам затоа што е вистина, но кога гледаш такви работи, нормално е да ти пречат’.
Потоа зборуваше и за нејзината дијагноза на полицистични јајници. „Тоа е една од водечките причини зошто жените добиваат тежина. Се здебелив 14 килограми, буквално многу брзо, можеби и малку повеќе од тоа. Не знаете низ што поминува некој, што му се случува во животот, па затоа е некако тешко. Но, чувствувам дека во 2023 година повеќе не треба да зборуваме за килограмите на луѓето“, изјави Реџа.