Ги носат жени кои ги диктираат трендовите
Различните трендови циклично се менуваат во модата, а кога станува збор за фустаните, еве неколку популарни стилови кои ќе бидат во тренд ова лето
Повторно актуелни се едноставните фустани од памук и трикотажа. Шлицовите се особено модерни, а стилистите советуваат да ги изберете оние во светли бои.
Воедно, доминантни бои може да бидат црната и белата, а доколку бирате фустан за вечерно излегување, слободно изберете со поголеми прорези. Фустаните со асиметричен крој се модерни и неконвенционални. Имаат различни должини и изрези на различни делови од фустанот, создавајќи динамичен изглед.
Проѕирни ткаенини: Во тренд се фустаните со проѕирни детали или направени од проѕирни ткаенини. Овие детали даваат доза на сензуалност и игра на криење и откривање. Ако сè уште не сте доволно слободни да носите само долна облека под таков фустан, обидете се да носите боди или пократки шорцеви.
Нежни, бели фустани во бохо стил. Стилот е опуштен, романтичен и уметнички во исто време. Ваквите фустани по долго време се вратија во светот на модата, а најдобрата вест е што се удобни и идеални за сите жени, без разлика на нивната градба.