Две шолји бадеми, малку млеко, мед и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да го направите овој одличен сладолед.
Кога сакате да се освежите, добро ќе ви дојде овој сладолед:
СОСТОЈКИ:
- две чаши бланширани бадеми
- две чаши бадемово млеко
- половина чаша мед
- чаша слатка павлака
- лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
Прелијте ги бланшираните бадеми со вода, оставете преку ноќ, а потоа исцедете ги и ставете ги во блендер. Добро измешајте и префрлете во пластичен сад. Додадете бадемово млеко, слатката павлака и мед и мешајте додека не се добие еднолична, погуста смеса. Се става во замрзнувач да се излади и да се стегне.