НЕ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДА СО ОЧИ! Ким Катрал имала ДВА УСЛОВИ за да се врати во „Сексот и градот“

popara4 јуни, 20231min00
Screenshot_3

Многу обожаватели на серијата „Сексот и градот“ беа возбудени од веста дека Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, ќе се појави во серијата. Саманта, како што беше најавено, ќе се појави во последната епизода од втората сезона, во која таа разговара по телефон со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер.

 

 

 

 

„Page Six“ дозна дека Ким не се согласила само да се врати во шоуто. Според нивните извори, актерката барала да не снима со нејзините поранешни колешки, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон, бидејќи со години е во расправија со нив, особено со Паркер.

 

Исто така, таа побарала при снимањето на таа сцена, режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.

 

„Ким имаше два услова, да не глуми со ниту една од нејзините поранешни колеги и да не се види со Мајкл Патрик Кинг“, вели изворот за „Page Six“.

 

Катрал ја играше Саманта, неукротимната публицистка и најдобра пријателка на Кери Бредшо, во „Сексот и градот“, за кој доби Златен глобус. Таа беше омилена на фановите, но одби да се врати во серијата по обвинувањата дека била во кавга со Паркер. Имено, Ким чувствувала дека таа и останатите актерки не се доволно платени, освен Сара која имала поголема плата од сите главни актерки.

 

Во првата сезона на „And Just Like That…“ Саманта беше спомната во неколку наврати. Дадоа до знаење дека таа сега живее во Лондон и дека се скарала со Кери откако повеќе не сакала Саманта да биде нејзин публицист. Сепак, Кери во првата сезона неколку пати се слушнала со Саманта, која ѝ праќала цвеќе на Кери откако почина „Ѕверка“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag