Замрзнувачот е одличен начин да се намали отпадот од храна, а со оглед на трошоците за живот, важно е тој да работи добро. Кејт Хал, експерт за ладење, открила интересен трик за да проверите дали вашиот замрзнувач ја замрзнува и лади храната правилно.
Како што вели Експрес, се што треба да направите е да наполните мал сад до половина со вода и да го оставите да замрзне неколку часа. Кога ќе замрзне, ставете паричка на површината. Имено, ако вашиот замрзнувач работи правилно, паричката треба да остане на површината, а ако потоне, тогаш знаете дека не работи како што треба.
– Доколку откриете дека температурата е премногу ниска или дека мразот се топи, првото нешто што треба да направите е повторно да го прочитате упатството за употреба, бидејќи секако содржи совети од производителот за тоа што треба сами да проверите и да утврдите дали замрзнувачот не работи како што треба – советува Кејт Хал.
Таа објасни и дека треба редовно да го одмрзнувате замрзнувачот, доколку не се одмрзнува самостојно, но и да не го пренатрупате со храна, за да има простор за циркулација на воздухот. Освен тоа, избегнувајте да ставате топла или врела храна во замрзнувачот, а ако замрзнувате свежа или домашна храна, замрзнете ја во помали количини за да не мора да ви работи толку многу замрзнувачот.