ИМА БЕСПРЕКОРЕН СТИЛ! Кејт Мидлтон во совршено лежерна комбинација, сакото доминира, а изборот на обувки ќе ве изненади (ФОТО)

popara6 јуни, 20231min00
profimedia-0757762412

Нејзиното издание во „Windsor Family Hub“ предизвика воодушевување!

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, неодамна ја воодушеви јавноста со својата нова модна комбинација која ја одразува едноставноста и ефективноста во исто време.

За таа прилика, Кејт избра хармоничен ансамбл составен од едноставни тегет панталони, бела маичка, рамни чевли од велур и сино-бело сако.

Сакоата отсекогаш биле дел од нејзиниот препознатлив стил, а ова малку структурирано парче во морски и летни бои со три копчиња на страна и нагласени џебови ја истакна нејзината одлична фигура.

Kejt Midlton

Кејт уште еднаш остана доследна на својот природен изглед, кој дополнително го истакна нејзиниот беспрекорен стил.

Што се однесува до шминката, Кејт се одлучи за блага варијанта. Имаше малку руменило и молив за очи, а на усните проѕирен сјај. Дискретниот накит го комплетираше нејзиниот изглед, додека косата слободно ѝ паѓаше во бранови.

Еден од интересните детали е што таа не се двоумела да седне на подот за лежерно да се дружи и да разговара со присутните корисници.

Kejt Midlton

Како и секогаш, Кејт го задржа својот заштитен знак – широката, искрена насмевка која стана нејзин заштитен симбор и ја направи омилена ширум светот. Нејзиниот директен пристап и љубезност кон другите дополнително го истакнаа нејзиниот шарм и ги привлече симпатиите на многумина.

Кејт Мидлтон уште еднаш покажа дека нејзината модна елеганција произлегува од едноставноста и внимателниот избор на комбинации.