СОВЕТИ ЗА СОВРШЕН ТЕН Како да ја подготвите кожата за сончање?

popara7 јуни, 20231min00
4283_sun111_f

Иако метеоролозите се уште се закануваат со врнежи од дожд, се поизвесно е доаѓањето на сончевите денови.

Време е да започнете да се грижите за заштита на кожата од штетното ултравиолетово (УВ) зрачење на сонцето и да ја негувате за да остане убава и здрава. Еве четири совети кои можат да помогнат во тоа, пишува порталот „Брунет“.

  1. Не заборавајте на хидратантната крема

Иако хидратантниот крем не ја штити кожата од сонце, може да помогне да се спречи кожата да биде сува и дехидрирана по сончањето. Имено, колку повеќе ја изложуваме кожата на сонце, толку повеќе ќе ја губи влажноста. Така, станува почувствителна на УВ зрачење. Негувајќи ја кожата со квалитетна хидратантна крема помагате во обновувањето на нејзиниот заштитен слој.

  1. Направете пилинг

Ексфолијацијата или пилинг на кожата е важен чекор во подготовката за изложување на сонце. Оваа постапка и овозможува на кожата да ги исфрли мртвите клетки кои се акумулираат на површината и може да спречат рамномерно потемнување. Но, со пилингот се отстранува заштитниот слој на површината на кожата, што ја прави почувствителна на УВ зраците, па затоа треба да бидете внимателни. Затоа е важно да не правите пилинг веднаш пред сончањето, туку барем неколку дена пред и да изберете производ кој одговара на вашето лице.

  1. Храна богата со каротен и витамин Е

Благодарение на нивните антиоксидантни својства, намирниците богати со бета-каротен и други каротеноиди, како што е ликопенот, може да ја подобрат заштитата на кожата од УВ зраците. Најдобри извори на каротеноиди се морковите, слатките компири, тиквата, спанаќот, тиквичките, брокулата, кајсиите, грашокот, доматите и дињата. Витаминот Е содржан во растителните масла, бадемите и оревите исто така обезбедува заштита од сонце. Храната богата со каротеноиди и дава портокалова нијанса на кожата, давајќи и природен сјај.

  1. Сончајте се постепено

Еден од најдобрите начини да ја подготвите кожата за сонце е на почетокот да се сончате кратко, но почесто во текот на денот и постепено тоа да го зголемувате. Во спротивно, ризикувате да изгорите од сонце. И не заборавајте да нанесете крема со висок заштитен фактор кој ги филтрира УВА и УВБ зраците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma