Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно го пронајдоа својот дом од соништата. Папарацо фотографиите снимени со дрон покажаа дека парот веќе се вселува во вилата, а кога ќе погледнете како таа изгледа…
За оваа куќа на издигнатиот дел од Беверли Хилс, пејачката и актерот издвоиле повеќе од 60 милиони долари.
Многу од нивните нешта како фотелји и каучи, теписи и останат мебел е веќе префрлен во новиот дом, пишуваат странските медиуми.
Вилата се состои од 12 соби, 24 купатила и 15 камини, а се чини дека оваа куќа единствено успеала да им го одземе здивот на Џенифер и Бен, по 2 години потрага по совршен дом.
Досега веќе неколку пати во медиумите кружеше приказна дека парот го пронашол својот нов дом, но сега одлуката е конечна.