Трендот во шминкањето ова лето е користење на ајлајнер во најразлични бои.
Обоените моливчиња за очи псе враќаат секое лето. Класичната црна боја на ајлајнерот се заменува со светли, сини, зелени или жолти тонови, а резултатот е ефективен изглед и заводлив поглед.
Можете да го пробате новиот тренд кога сакате вашите очи да бидат во преден план. Обоените ајлајнери особено го освежуваат лицето. Привлекуваат внимание кон лицето и придонесуваат за гламурозен изглед.
Трендот на неконвенционални бои остава можност за играње со најразновидни варијанти. Можете да искомбинирате црн и обоен ајлајнер. Односно, наместо класична линија, можете да ги нагласите очите со цртање линија над црниот ајлајнер. Ќе го добиете најинтересниот изглед доколку се одлучите за едно од графичките решенија.
Шминкерите предупредуваат да не претерувате. Доколку се одлучите за ајлајнер во жива боја, остатокот од шминката нека биде во неутрални тонови за да не се пренагласи изгледот. Со обоен ајлајнер само ставете маскара, малку руменило и сјај за усни.