БРАКОТ НА НАТАЛИ ПОРТМАН ВО КРИЗА?! Нејзиниот сопруг виден со 20 години помлада Французинка, актерката се обидува да сокрие се

popara8 јуни, 20231min00
676 (4)

Според извештаите, двојката сè уште не се разделила бидејќи Бенџамин прави се за да ја натера Натали да му го прости  дружењето со младата Камил.

Актерката Натали Портман и нејзиниот сопруг, францускиот балетан Бенџамин Милепиед, наводно минуваат низ брачна криза откако во јавноста се дозна дека ја изневерил со 25-годишна Французинка.

Како што се пишуваше, парот минатата година решил да живее одвоено, но сепак се трудат да го спасат бракот. Двајцата беа видени како уживаат на концертот на Бијонсе на крајот на мај.

Нивниот брак наводно е во криза откако францускиот магазин „Voici“ објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

  • Не раскинаа и се обидуваат да ги решат работите. Бен прави се што може за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство – тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја штити својата приватност и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм „May December“, кој се снимаше во јануари минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да се потсетиме дека Портман и Милепиед се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот „Black Swan“, за кој тој ја направил кореографијата. Се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma