Доколку внесете одредени намирници во исхраната, лесно ќе се ослободите од целулитот, кој е најголемиот естетски проблем во текот на летото.
Појавата на збрчкана кожа во форма на кора од портокал е особено видлива кога ќе се соблечете во костим за капење. Целулитот може да биде изразен на нозете, но и на стомакот и рацете.
Редовниот тренинг, многу вода, масажата и здравата исхрана помагаат да се отстрани.
Неколку намирници се особено ефикасни кога сакате да се ослободите од целулитот и да ја затегнете кожата. Ако сакате мазна кожа, вклучете ги во вашата редовна исхрана.
- Портокал
Портокалите се одлични за отстранување на кората од портокал. Полни се со витамин Ц, кој придонесува за здравјето на кожата, како и одредени материи кои ја подобруваат циркулацијата на крвта.
- Зелен чај
Овој чај се препорачува кога сакате да изгубите тежина и целулит. Зелениот чај има, имено, способност да го забрза метаболизмот, а целулитот е токму резултат на бавна размена на материи во телото.
- Цимет
Еден од најомилените зачини, циметот, се поврзува со миризливи колачиња. Освен што се додава во јадењата, циметот може да се додаде и во кафе или чај и да биде ефикасен сојузник во борбата против целулитот. Ја подобрува циркулацијата и го стимулира исфрлањето на токсините од телото.
- Ананас
Полн со вода и влакна, ананасот е овошје кое ја поттикнува работата на бубрезите и цревата. Бројните ензими кои ги содржи помагаат да се отстранат токсините од телото и да се стимулира циркулацијата.
- Цели житарки
Познато е дека овие житарки, или како каша или како интегрален леб или пециво, не држат сити долго време. Антиоксидансите кои ги содржат му помагаат на телото да ги исфрли токсините, па се одлични за отстранување на грозните наслаги целулит.