Десет знаци дека сте во врска со вистинскиот партнер: На ова можете секојдневно да обнете внимавате

popara28 септември, 20241min00
Screenshot_5

Во ниеден момент од животот не е едноставно да знаете дали е некој, оној вистинскиот за вас, дали е тоа вашиот партнер за целиот живот. Но, некои постапки и внатрешното чувство кое тој маж ви го побудува, можат многу да откријат за вас како пар и за вашата иднина. Дали вашата врска е минлива или е тоа долготрајна љубов, е вечно прашање за кое жените размислуваат повеќе од мажите. Во проценката за тоа дали врската долготрајно ќе опстане, треба да се земат предвид најважните фактори што ја прават жената среќна.

 

 

 

 

Доколку во вашата врска има девет од овие десет фактори, потрудете се таа да успее, бидејќи има голема веројатност дека партнерот ќе ве направи среќни за целиот живот. Но, ако има помалку од тоа, тогаш треба уште еднаш да размислите за вашите критериуми или да се запрашате дали можеби сте во врска само за да не бидете сами.

 

 

 

  1. Ве засмејува

Смислата за хумор е многу важна особина и една од најпривлечните кои човекот ги има. Заедничките шеги, насмевките и задевањето ги зближуваат луѓето дури и во лоши ситуации. Ако смеењето и забавата се застапени во вашата врска, и покрај тоа што сте долго време заедно, негувајте го тоа за да можете така да се смеете и кога ќе остарите.

 

  1. Сакате исти работи во животот

Вие сакате дете, а и тој го сака тоа, вие сакате да патувате, а тој веќе планира каде ќе одите. Според љубовните терапевти, тоа е рецепт за траен однос. Тие истакнуваат дека и покрај тоа што компромисот е задолжителен во врската, луѓето кои премногу се прилагодуваат, го губат чувството за сопствениот идентитет и на крајот тоа му го замеруваат на партнерот.

 

  1. Најубави сте му без шминка

И покрај тоа што можеби ви се чини дека ве лаже кога ви зборува дека сте му најубави без шминка, многу е веројатно да ја зборува вистината. Мажите кои постојано ги поттикнуваат партнерките да се дотеруваат, да се облекуваат заводливо и многу да се шминкаат, најчесто се заљубени само во нивниот надворешен изглед. Ако за некого сте убави, убави сте му секогаш, па дури и кога сте облечени во обична тренерка.

 

  1. Свесни сте за неговите мани, но сеедно го сакате

Многу е погрешно да мислите дека најдобриот партнер за вас не треба да има мани или барем не оние кои вас ве нервираат. Со тоа што ги забележуваме, покажуваме дека сме рационални во љубовта, а со тоа што сме свесни за нив, му покажуваме на партнерот дека го сакаме штом сме сè уште со него и покрај неговата несовршеност.

 

  1. Ве поддржува во сè што сакате да направите

Ако сакате да напредувате на работното место, да скокате со падобран или само да излезете со пријателките на пијалак, вистинскиот партнер ќе ве поддржи во вашите желби. Кога две личности вистински се сакаат, тоа подразбира меѓусебна толеранција и почитување, но ако на оној другиот желбите му се сосема неразбирливи, треба да се запрашате дали имате слични ставови и желби во животот.

 

  1. Му верувате потполно

Ако некогаш во минатото сте биле повредени и ви се чинело дека никогаш повторно нема да му верувате некому, вистинскиот партнер ќе ве разувери. Тој ќе се потруди да ја заслужи вашата доверба, на тој начин што ќе го исполни тоа што ќе го каже и ќе ве почитува. И покрај тоа што неограничената доверба е ретка, скоро невозможна, доволно е да му верувате 99% за да имате складен однос.

 

  1. Сите ваши блиски го сакаат

Не би требало да биде важно што мислат другите луѓе за вашата врска, но она што го покажуваат вашите најблиски, па дури и домашните миленичиња кон вашиот партнер, е добар показател за тоа како се однесува кон вас. Имено, блиските луѓе ви посакуваат сè најдобро и се грижат за вашата среќа, а нивната проценка на вашиот партнер, се темели на неговото однесување кон вас.

 

  1. Се будите среќни секој ден

Наутро кога се будите и ќе го видите него, добивате желба да го прегрнете и бакнете. Ако е така, тоа е доказ за вашите вистински чувства и задоволство. Доколку не можете да замислите никој друг покрај себе и сте толку среќни и задоволни, многу е можно токму тој да е најдобрата опција за партнер за вас.

 

  1. Не ги забележувате згодните мажи

Не го забележувате згодниот келнер во кафулето, колегата од работа повеќе не ви се чини толку привлечен, а вашето момче ви изгледа како најсекси маж на светот. Сето ова е знак дека сте заљубени. И покрај тоа што заљубеноста ќе помине и ќе прерасне во љубов, темелот на вистинската врска сепак мора да биде голема почетна заљубеност.

 

  1. Тоа едноставно го знаете

Во животот не постои момент во кој дефинирате дека некој е вистинскиот маж за вас. Тоа сознание доаѓа постепено, преку секој убав гест и збор, но најмногу преку моментите кога партнерот одново ве освојува. Тогаш едноставно знаете дека тој е вистинскиот за вас и ја планирате својата иднина со него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag