Не ја фрлајте старата бела маичка – таа одлично ќе ја зачува вашата нова гардероба
Колку пати ви се случило да ја вклучите машината за перење и по грешка да фрлите парче облека што испушта боја заедно со белите алишта и крпите? Резултатот ви е добро познат – несакано обоени алишта и крпи кои изгледаат како да се стари „сто години“.
Уште поголем проблем е ако ставите работи кои ослободуваат боја во барабанот на машината за перење, па вашата омилена кошула, маица или панталони добијат дамки од бојата што се „пренесува“ од другите алишта.
Спасувачко решение кое ги спречува сите горенаведени ситуации се таканаречените фаќачи за боја. Иако ги има во многу супермаркети и аптеки, можете да ги направите и сами, користејќи стара бела маица која повеќе не сакате да ја носите.
Потребно е:
стара бела маица
4 децилитри топа вода
2 лажици сода за перење
Исечете ја маицата во големина на хартиени марамчиња, а потоа потопете ја во леген исполнет со 400 милилитри топла вода и две лажици сода за перење. Оставете ги парчињата од маицата да отстојат во овој раствор околу дваесет минути, а потоа извадете ги и оставете ги да се исушат.
Важно е да не ги цедите парчињата ткаенина кога ќе ги вадите од легенот, за растворот да навлезе длабоко во памучните влакна.
Кога ќе се исушат парчињата ткаенина, тие се подготвени за ставање во машината за перење. Ќе ја спасат вашата гардероба од мешање на боите за време на перењето во машина.