Домашни, евтини маски за секој проблем со кожата

popara9 јуни, 20231min00
Screenshot_2

Како што поминува времето, така на лицето му е потребна сè поголема нега.

 

 

 

Иако секојдневно гледаме реклами со скапи хемиски производи за лице, сепак, грижата за лицето е најправилно да се одвива по природен пат.

 

Сите работи кои ни се потребни, се достапни, економични и веќе ги имаме во кујната.

 

Пробајте некоја од овие маски и согледајте ги одличните резултати за кратко време:

 

  1. Маска за затегнато и цврсто лице

Кафе и мед – Помешајте една лажичка мелено кафе со една лажичка мед. Смесата нанесете ја на лицето и оставете да отстои 20 минути. Измијте го лицето со ладна вода и повторувајте ја постапката трипати неделно.

 

  1. Маска за ослободување од мртвите клетки

Мед и лимон – Една лажичка мед помешана со малку лимон ќе направи чудо за вашето лице. Нанесете ја смесата и откако ке делува 20 минути измијте триејќи со млака вода. Постапката повторувајте ја еднаш неделно.

 

  1. Маска за кожа со сјај

Јогурт и лимон – Овој спој на природни состојки ќе го врати сјајот на вашето лице. Измешајте по една лажичка од јогуртот и лимонот и тријте полека 5 минути. Измијте се со ладна вода и повторувајте ја постапката двапати неделно.

 

  1. Маска за кожа без акни

Мед и цимет – Циметот е познат по неговото антибактериско дејство. Помешан со малку мед ќе ви помогне да се ослободите за многу брзо време. Смесата нека отстои 30 минути и потоа измијте се со ладна вода. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

 

  1. Маска која помага во процесот на стареење

Јајце и алое вера – Маслото алое вера, како едно од најблаготворните за нашата кожа ќе ви помогне да ги спречите ситните и нови бори за многу кратко време. Помешајте три лажички масло од  алое вера со едно јајце и оставете ја смесата да делува 30 минути. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag