Дури и кога сме мали, учиме како правилно да ги миеме забите, па би се рекло дека успешно ја совладуваме оваа вештина додека да достигнеме полнолетство.
Сепак, многумина од нас, пред да ја стават пастата на четката, ја ставаат под вода за да ја намокрaт. И дали е ова голема грешка во одржувањето на оралното здравје, од стручен аспект?
Имено, стоматологот Сахил Пател за „Mirror“ открил дека една од најголемите грешки што можеме да ја направиме при миењето на забите е да ја намокриме четката пред да ја нанесеме пастата.
„Ако редовно ја навлажнувате четката за заби пред да и ставите паста, всушност ја разредувате. Пастата за заби веќе ја содржи вистинската количина на влага. „Ако е влажна, побрзо се пени и ве тера порано да ја плукате“, објаснува стоматологот.
И тоа не е единствениот проблем што овој експерт го издвои. Покрај тоа што ја навлажнуваат четката пред нанесување паста за заби, голем број луѓе не ги мијат забите правилно, ниту тоа го прават доволно темелно, ниту доволно долго, пренесува Index.hr.