И само така… „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ СЛАВИ СРЕБРЕН ЈУБИЛЕЈ: Кери, Шарлот и Миранда се собраа да прослават 25 ГОДИНИ траење

popara10 јуни, 20231min00
f4952db690db3b620eeb8d66b8c1753bf2a03688

Култната серија од 90-тите се уште привлекува големо внимание кај претежно женската публика

Испреплетена со неверојатна мода, и приказната за четирите пријателки кои се сингл во своите 30-ти и бараат љубов и среќен крај, серијата „Сексот и градот“ воодушеви многумина.

Премиерата беше прикажана на 6-ти јуни 1998 година и на крајот беше развиена во два играни филма и во новата серија „И баш така“. Оваа (некогаш) шокантна серија ги помести границите на женската сексуалност и многу табуа, а денес е изненадувачки колку работите навистина се променија.

За да ја одбележат работата на оваа приказна, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон се собраа во Големото јаболко на приватна прослава.

И додека е забележливо отсуството на актерката Ким Катрал, која ја толкува улогата на Саманта во серијата, веста дека сепак ќе се појави во една од епизодите на продолжението „Just like that“ израдува многу фанови.

Познато е дека Ким има некои замерки за третманот на Сара Џесика Паркер низ годините и дека не е во најдобри односи со остатокот од тимот.

Сара на свој начин се оглази по повод 25-годишнината од серијата и улогата на Кери, објавувајќи слика од познатиот ѓердан на Инстаграм со опис:

– Нашиот сребрен јубилеј, но спомените секогаш ќе бидат златни – изјави прекрасната актерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag