На помладите жени им се препорачува да експериментираат со косата, а на постарите жени кои имаат 50 години и повеќе се препорачува да ја скратат косата. Кратката коса одзема години од лицето, а Џенифер Лопез добро го знае тоа.
Таа повторно ги диктира трендовите. Ја скрати косата, сега има боб фризура, а причината е едноставна. Кратката коса ги брише годините од лицето.
Меѓу попопуларните оваа година е брановидниот боб. Јасно дефинираните, меки локни изгледаат одлично на краток, среден или долг боб, а имаат и голема предност, а тоа е неверојатниот анти ејџ ефект.
Иако некое време во фокусот беше рамниот боб, како оној што го носеше Селена Гомез, овој брановиден не е ништо помалку делотворен. А брановите, освен што даваат поголем волумен и ја прават косата посјајна, ги омекнуваат цртите на лицето и имаат силен анти ејџ ефект. Познатите убавици како Ема Стоун, Тејлор Свифт, Луси Хејл или Наоми Вотс обожаваат да носат брановиден боб, а не е тешко да се направи ни дома.
Станува збор за фризура која може да се направи дури и со помош на пегла или виткач за коса, а доколку сакате можете да ги испробате и многу популарните начини на виткање од социјалните мрежи со помош на шноли, ластичиња, ленти од ткаенина… По виткањето задолжително нанесете пена за обликување на косата за да ја истакнете структурата и да добиете волумен.
Брановидниот боб навистина им стои на сите, а одличен е и за педесет плус дамите бидејќи и дава на косата дополнителна живост, поголем волумен… Во оваа фризура шишките и брановите се позиционирани околу лицето и се совршени за омекнување на јаготките и брадата , а на сопствениците на тркалезни лица добро им стојат боб фризури со средна должина, оние до клучната коска.
Исто така е одлично решение доколку имате тенка коса бидејќи ќе изгледа погусто, побујно и посјајно.