Овие шик чанти со години се опсесија на Французинките и најголем летен хит

popara11 јуни, 20231min00
2014327

Чантите како кошнички се омилениот летен додаток на шик Французинките, а поради нивната елеганција и практичност го полудеа и остатокот од модниот свет.

Сламените чанти со години се едни од најпопуларните модни додатоци кои секој стајлинг го прават шик. Посебно се популарни кај Французинките, а во потоплите месеци не се разделуваат од специфичен модел – чантите како кошничка.

Loewe tote torbe

Ако само прелистувате низ профилите на социјалните мрежи на трендсетерки, а особено француските модничари, ќе забележите колкава динамика зазел овој тренд, кој апсолутно сите го обожаваат. Популарноста на чантите како кошници почна да расте во 2017 година, кога Loewe ја оживеа својата чанта Raffia Basket, а судејќи според моменталната побарувачка, таа ќе го достигне својот врв ова лето.

Mini torba košara

Кошничките победуваат на прв поглед со нивниот шик дизајн и исклучителната практичност – во нив можете да носите се што ви треба за тој ден. Иако првенствено се создадени како чанти за плажа (токму затоа што се способни да носат големи количини работи на елегантен начин), во последниве сезони се почесто ги гледаме како дел од уличните аутфити бидејќи имаат способност да го подигнат речиси секој изглед на ново ниво.

Имено, тие успешно ќе го подигнат и најлежерниот стајлинг, како класична комбинација на фармерки и маичка со кратки ракави, а ќе изгледаат сосема неодоливо стилизирано со лелеава тоалета и, на пример, чевли со потпетици од плута.

Со оглед на нивната популарност, не е изненадување што најпопуларните брендови нудат широк асортиман на модели во различни големини, материјали и бои, па сигурно ќе го најдете оној кој совршено одговара на вашиот стил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma