Шест лица кои беа вклучени во продукцијата беа повредени за време на снимањето на продолжението на филмот награден со Оскар, „Гладијатор“ од 2000 година.
Имено, повредените се здобиле со изгореници, по што им била укажана лекарска помош.
Целиот случај се случил во Мароко, по што портпаролот на компанијата „Paramount Pictures“ објави:
– За време на снимањето на планираната каскадерска сцена на продолжението на „Гладијатор“ се случи несреќа каде неколку членови на екипата се здобија со повреди кои не се опасни по живот.
– Од најголема важност ни е добросостојбата на актерската екипа и имаме строги здравствени и безбедносни процедури во сите наши продукции. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да ги преземеме сите неопходни мерки на претпазливост додека продолжуваме со снимањето – рече портпаролот.