Петтата сезона на „The Crown“ ни ја донесе приказната за британското кралско семејство во текот на 90-тите.
Посебно ни е драго што можевме да видиме повеќе од принцезата Дијана, односно нејзините непогрешливи стилски моменти, вклучувајќи го и „одмаздничкиот фустан“ што го носеше истиот ден кога Чарлс призна дека ја изневерил на телевизија, како и бунтовен маникир кој совршено одговараше на моментот.
Во книгата „Diana: A Life in Dresses“, дизајнерката Кристина Стамболиан, која го дизајнираше иконскиот фустан, се одрази на облеката за која се зборува и денес.
“Очигледно беше лута. Носеше светло црвен лак, со кој досега не сме ја виделе. Како да рече: Ајде да бидеме непослушни вечерва”, се сеќава таа.
Црвениот маникир е класика, симбол на елеганција и моќ. Покрај тоа, станува збор за нијанса на лак што кралицата Елизабета Втора не ја одобрувала, наместо тоа користела нежно розова и други неутрални бои. Меѓутоа, со напуштањето на монархијата од страна на Дијана дојдоа одредени слободи што таа лесно ги прифати. Така, користењето црвен лак за нокти беше нејзината порака за ослободување и враќање кон себе.