Ги ублажуваат МЕНСТРУАЛНИТЕ БОЛКИ, го забавуваат стареењето – Еве зошто треба да јадете цреши, совет од нутриционист

popara12 јуни, 20231min00
shutterstock_666015703

Многу здраво овошје, а сега му е сезоната, искористете го!

Дури и оние кои не се претерани љубители на овошје, на слатките, вкусни цреши тешко можат да им одолеат. Сепак, нивниот вкус не е единственото добро нешто кај нив. Црешите се многу здрави, па дури и за најчестите женски тегоби – ги ублажуваат менструалните симптоми.

Опуштете ги мускулите и ослободете се од менструалните грчеви

Црешите можат да помогнат во ублажување на мускулната болка и менструалните грчеви. Со оглед на тоа дека имаат ниско ниво на калории, нутриционистите и тренерите препорачуваат да се јадат пред или после тренинг, со цел да се ублажат мускулните грчеви и да се согорат повеќе калории. Ако треба да се ослободите од менструалните грчеви, пробајте сок од цреши.

trešnje

Подобрување на спиењето

Ако имате проблем да заспиете, предлагаме да грицкате цреши пред спиење. Тие се богати со мелатонин, кој помага во регулирање на циклусот на спиење и спречува несоница. Многу лекари препорачуваат пиење сок од цреша. Црешите нема да им помогнат на луѓето кои страдаат од хронична несоница, но можат да помогнат ако повремено не можете да заспиете.

Го спречуваат предвременото стареење

Секоја жена има страв од предвремено стареење. Постојат два вистински начини да изгледате и да се чувствувате млади. Првиот е да негувате позитивен став и повеќе да се смеете, а вториот е да јадете повеќе намирници како црешите. Поради високата содржина на антиоксиданси, црешите ќе му помогнат на вашето тело да се бори против слободните радикали, кои предизвикуваат предвремено стареење – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag