Можни причини за појава на модринки по телото, а не се поврзани со повреда

popara13 јуни, 20231min00
2700614441a303bb497e185cf83fbe17a3cac036

Модринките најчесто се јавуваат при удар кој предизвикува повреда на кожата или ткивата под кожата. Сепак, може да се појават и како знак за одредени здравствени проблеми.

Бидејќи кожата не е надворешно оштетена, нема да видите таканаречено надворешно крварење. Сепак, крвните садови под кожата се оштетени и предизвикуваат крварење. На почетокот, модрината изгледа црвена или виолетова, а подоцна станува сина, зелена, кафеава или жолта.

Хематологот Дана Анџелини наведува дека е нормално да се забележат мали модринки на рацете и нозете, но дека неиспровоцираните модринки на торзото, грбот или лицето може да бидат причина за некои здравствени проблеми.

Покрај повредите, модринки може да предизвикаат и лекови како што се аспирин, ибупрофен и антидепресиви, како и средства за разредување на крвта.

Дури и одредени суплементи како женшен, гинко и рибино масло можат да ја предизвикаат оваа појава. Други можни причини за модринки се недостаток на витамин Б12, Ц или К.

Исто така, треба да се обрне внимание на нарушувања на крвта како што е таканаречената Фон Вилебрандова болест, хемофилија или друго слично нарушување на згрутчување на крвта. Покрај тоа, драстичното внесување алкохол и неухранетоста може да доведат до појава на модринки.

Посета на лекар е неопходна ако модринките не исчезнат и по седум дена, ако се наоѓаат во дел од телото каде што веројатноста за повреда е мала и ако постојано се враќаат.

Доколку вашиот лекар не ја препознае причината за модринките, неопходно е да ве упати на детална анализа на крвта, пренесува „klix.ba“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag