Во модата од 2023 година, еден термин е неизбежен – тексас. Дека летниот изглед е незамислив без макси тексас здолништа и макси тексас фустани, го потврдија и ѕвездите како Ријана, Кејти Холмс и Џенифер Лоренс.
Се носи во бројни комбинации, а едно од најдобрите street style изданија го претстави Џенифер Лопез, при лежерна прошетка во Лос Анџелес (заслужено, по вселувањето во нова семејна вила).
Станува збор за фустан-кошула со потписот на Валентино и атрактивен крој – иако е предимензиониран, има високи засеци во пределот на ногата. Целиот аутфит го заокружи со чизми до колена и модел на Gucci Hobo чанта.
Со оглед на летните температури, наша стилска препорака е овој модел на фустан да го носите во комбинација со рамни сандали и балетанки.