Канје Вест во саботата вечерта го прослави својот 46-ти роденден со две многу важни дами во неговиот живот. На прославата на раперот му се придружија неговата нова сопруга, 28-годишната Бјанка Ценсори и неговото најстаро дете, 9-годишната ќерка Норт Вест, од претходниот брак со Ким Кардашијан. Норт дури беше забележана како се држи за рака со Бјанка додека се движеа до местото каде што се одржуваше забавата.
Младата трендсетерка за роденденот носеше маичка со принт, шорцеви и црни гумени чизми. Многумина забележаа дека има неколку навидум болни гребаници на лицето, но подоцна беше утврдено дека тоа е само шминка со која Норт сака да експериментира. Бјанка имаше насмевка на лицето додека ја држеше Норт за рака и одеше на роденденската забава во црна кожна кабаница и чизми со потпетици.
TMZ пренесува дека ниту една од Кардашијан не била присутна на забавата, но биле присутни ѕвезди како Клои Бејли и Ty Dolla Sign. Наводно, гостите уживале во суши послужено врз голи манекенки.
Норт и Бјанка изгледаа прилично блиски, што значи дека успеале да поминуваат повеќе време заедно. Имено, Норт немала многу време да ја запознае својата маќеа откако Канје и Бјанка тајно се венчале на почетокот на 2023 година.